Со заедничка желба да промовираме повисок квалитет на живот, достапен за секого, со гордост можеме да кажеме дека Health, Fitness & Wellness Expo уште од својот почеток во 2015та е спонзориран од Sport Inn Center.
HFW Expo претставува уникатен настан каков што нема кај нас а воедно и одлична можност за претставување и запознавање во опуштена атмосфера со клиентите. Фактот дека од самите почетоци учествуваме на саемот, говори за нашето високо мислење за вас. Продолжете и понатаму да поставувате високи стандарди и квалитетна содржина.
- PharmaNews.mk
Пофалба за целиот тим на Моментум како за присутноста и распореденоста на настанот така и за спремноста да помогнат во одредени непредвидени ситуации.
- Фитнес Центар Магнус
Сериозна,навремена и одлична атмосфера за соработка околу целиот настан особено за време на експото.Одлична комуникација со целиот тим на Моментум и се надеваме на соработка наредната година 🙂
- Play Fit Move
Ви благодариме за целата организација и ажурност со информации. Бевте целосно посветени за саемот да биде беспрекорен и така и беше. Ние сме многу задоволни. Настанот беше доста квалитетен и ние понесовме супер импресии. Наредната година се надеваме дека повторно ќе бидеме дел од изложувачите на HFW Expo.