Наш предлог: Најдобрите fitness апликации

Наш предлог: Најдобрите fitness апликации

Летните температури го достигнаа својот максимум (барем засега :|), па сосема е нормално тоа што вентилаторите ни станаа најдобри пријатели. Во текот на летото, сосема е нормално да не сакате да ја напуштите својата ладна соба, и да потфрлите во вашите тренинзи. Сепак, постојат начини со кои ќе си олесните. Постојат безброј фитнес апликации кои нудат разноврсни тренинзи и бескрајна мотивација, а за кои ви е потребен само вашиот мобилен телефон и една престилка.

Во продолжение, ги издвојуваме нашите лични фаворити:

  1.  NIKE TRAINING CLUB – Hands down, според нас најдобрата фитнес апликација моментално! Сите тренинзи се креирани од страна на професионални тренери на Nike заедницата, а групирани се според мускулна група, тип на тренинг или пак ниво на спремност. Корисникот има опција да избере тренинг од 10 па се до 60 минути. За оние кои сакаат да следат планови и режими, Nike креираа и неколку фитнес планови кои ќе ви го трансформираат телото во рок од 8 недели: Start up, Lean Fit, Bodyweight only и Gym strong.
    P.S: За љубителите на јога постои и посебна колекција на јога практики, а за оние кои се љубители на трчањето, Nike ја создадоа NIKE RUN CLUB… Check it out & thank us later. 😉
  2. THENX – Се започна од екстремно посветениот Chris Heria и неговата љубов кон калистеника. Покрај секојдневните тренинзи кои можете да ги завршите заедно со THENX заедницата, дефинитивно ќе научите и нови техники преку деталните водичи за одредени вежби. Вашиот прогрес се запишува на вашиот профил, кој функционира на принципот followers/following, па можеби и таму ќе ги пронајдете своите следни најдобри пријатели. 🙂
  3. FEELETICS – Апликација која нуди бројни HIIT (High intensity interval training) и тренинзи со сопствена тежина кои ќе ви го раздвижат целото тело! Откако ќе го завршите почетниот тест, ве очекуваат персонализирани тренинзи и  одлични едукативни содржини од полето на тренирање и нутриционизам.
  4. PUMATRAC PUMATRAC е водичот кој сакате да го имате во вашата фитнес авантура! На самата регистрација на апликацијата, ги внесувате своите цели за да автоматски ги добиете тренинзите кои ви се потребни за да ги остварите истите. И не – тренинзите воопшто нема да ви бидат досадни, бидејќи креаторите вметнаа и опција да ги одберете своите омилени активности, било тоа да е балет, бокс, пилатес или трчање! 🙂 Покрај интензивните одлично конструирани тренинзи, она што навистина го обожаваме кај PUMATRAC а и самите ќе го забележите, е леснотијата со која се користи апликацијата. Thumbs up guys!

 

За оние похрабрите, кои сепак ќе излезат до сала за да си одржат еден KILLER workout, ви ја препорачуваме македонската апликација FITKIT! 🙂 На неа ќе најдете листа со сите можни фитнес студија, теретани и фитнес сали од А до Ш. Fitkit нуди одлични понуди за пробен тренинг, кои сигурни сме вашиот џеб ќе ги обожува. А сега… отворете го вашиот Playstore, симнете ја апликацијата и трк на вежбање! 😉