Четврто издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

22 & 23ти септември 2018, Градски Парк Скопје – Терени Работнички

 

Летото полека одминува, па ако си дозволивте да „се опуштите“ време е полека да им се вратиме на здравите навики и активности. Ако не знаете од каде да почнете ние ќе ви помогнеме – посетете го четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Најдобро е кога добрите навики и позитивните традиции се одржуваат и траат, па така по четврти пат на Скопје ќе му се случи HFW Expo. Секоја година настанот го очекуваме со нетрпение, бидејќи нуди многу корисна и релевантна содржина на тема здрав и активен животен стил, како и огромен број на бесплатни производи, козметички и здравствени третмани, отворени тренинзи, демонстрации, натпревари со вредни награди, консултации со стручни лица, промоции и попусти и многу други активности, низ една богата атрактивна содржина која не смее да се испушти.

Како и секоја година, организаторите неуморно до „освежуваат“ проектот со нови содржини. Оваа година само на големото отворање очекувајте големо slackline шоу со Sport Inn, во кул атмосфера да пробаме да ја смениме предрасудата: “Slackline? Не, тешко е тоа. Не можам”. Уште еден сериозен чекор напред на домашната спортска и рекреативна сцена – на HFW Expo 2018 за прв пат во Македонија се организира и меѓународен турнир во Street Workout, во соработка со Champions House. За оние пак кои не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини, а се и помалку (или повеќе) носталгични за безгрижните детски денови во маало, организаторите најавуваат и голем натпревар во улични награди: издание НАРОДНА! Секако, настанот ги анимира сите од 7 до 77 па детското катче ќе продолжи да ги забавува и да развива здрави навики и кај најмладите, низ богата содржина на интерактивни работилници. Освен вело – френдли, настанот ќе биде и еко – френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или барем две искористени батерии, бидеќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање.

Тука е и анимацијата и промоциите од огромниот број на изложувачи како и официјалната програма на главната сцена, која наскоро ќе биде објавена. Следете ги официјалната Facebook фан страна и настанот на Facebook, за повеќе информации околу содржината и активностите.

Сѐ на сѐ, навистина интерактивен настан кој нуди прекрасна програма и активности и не смее да се испушти. Се гледаме на HFW Expo!