Guest Blog Post: Витамините и човековото тело – Витамин Б1

Guest Blog Post: Витамините и човековото тело – Витамин Б1

Продолжуваме со истражување на витамините и човековото тело. Овој пат, Алек Дренко ни пишува за еден многу важен витамин за човекот – Витамин Б1. Прочитајте го неговото излагање во продолжение 🙂


Дали сте слушнале за Бери – бери, Верникеова енцефалопатија или Корсакова психоза? Ни јас, но вклучува периферна неуропатија и сум слушнал за тоа. Симптомите се слабост, вкочанетост, болка и пецкање во екстремитетите, нарушување на рефлексите, зголемено срце, забрзан пулс, срцева слабост, парализа или нарушено движење во мускулите околу окото итн. Мене ова ми звучи ужасно…
Корсакова психоза води до амнезија, мисинтерпретација на спомени и други невролошки проблеми.

Но, не се грижете, бидејќи најверојатно не сте во толкав дефицит. Што доколку се чувствувате подобро на диети со низок внес на јагленихидрати? Доколку ова личи на тебе можеби треба да си го провериш статусот на витамин Б1. Субоптимален внес на Б1 води до намалена толеранција на јагленихидрати во исхраната.

Зошто е ова? Иако ти е потребен Тиаминот да искористиш било каква енергија, ти треба дупло повеќе тиамин за да гориш јагленихидрати.

За да се осигурам дека нема да ме сфатите погрешно поради многуте “гуруа”кои ја проширија оваа дезинформација, јадењето јагленихидрати нема да го деплитне вашиот витамин Б1. Само доколку не внесувате доволно тиамин, нема да можете да ги трошите јагленихидратите оптимално.

Кога јадете јаглехидрати кои не можете да ги потрошите, шеќерта во крвта расте. Тоа е наречено “нетолерантност на глукоза”. Доколку ова трае подолго може да завршите со дијабетис тип 2. Во никој случај не кажувам дека тиамин е единствениот фактор кој влијае врз дијабетисот, но е еден од нив.

Што придонесува до дефицитарност во витамин Б1

Во мое искуство никогаш причината за ова не е невнесување доволно тиамин преку храна. Витаминот Б1 е присутен сегде: месо, мешункасти плодови, зрна, рафинирани производи итн. Доколку јадете само брза храна може ова да сте вие, но доколку јадете само брза храна не верувам дека би стигнале волку далеку во објавава :S. Океј, можеби сум грешка. Ако сум и сакаш промена, good for you!

Најчесто нешто кое води до дефицитарност во витамин Б1 е алкохолизам. Етанолот ја намалува абсорпцијата на Б1. Алкохолот го оштетува црниот дроб и со тоа ја намалува неговата можност да складира Б1. Алкохол го намалува транспортот на Б1 до мозокот и ја намалува активацијата на Б1 во мозокот. Најлошото е што алкохолот може да направи локална дефицитарност во Б1 во мозокот а притоа вашите нивоа на Б1 во крв да се нормални.

Доколку сте дијабетичен (тип 2!) или предијабетичен можеби ви треба повеќе Б1 отколку што внесувате. Дијабетис ја зголемува фреквенцијата на уринирање, а честото уринирање води до губење на сите минерали и витамини кои се растворливи во вода.

Други работи кои го афектираат Б1 статусот:
– Живата риба има тиаминаза. Тоа се ензими кои го деградираат тиаминот.
– Микробите во вашиот стомак .
– Сулфитот кој е адитив во храна и соединение кој го произведуваме во нашето тело кога немаме доволно од минералот молибден. Сулфитот го деградира витаминот Б1.
– Б1 уништувачки бактерии и габи во нашиот стомак.

Ова е особено лошо бидејќи Б1 е есенцијален за мал број на многу важни ензими лоцирани во митохондријата кои играат критичка улога во продукцијата на енергија од храна. (1)
Коензимот траснкетолаза катализира критички реакции во синтезата на АТП, ДНА и РНА. (2) (3)

Со оглед на тоа дека транскетолазата се намалува рано при субоптимални нивоа на тиамин, мерењето на неговата активност во црвени крвни зрнца е добар показател за тиамин статусот. (1)

Доколку се сомневате дека сте дефицитарни во Б1 би препорачал јадење 3 порции на ден на нешто од следниво:
– 2 лажици нутритивен квасец
– 80 грама мешункасти плодови
– 120 грама цели зрна (најмалку препорачано)


1. Rindi G. Thiamin. In: Ziegler EE, Filer LJ, eds. Present Knowledge in Nutrition. 7th ed. Washington D.C.: ILSI Press; 1996:160–166.
2. Tanphaichitr V. Thiamin. In: Shils M, Olson JA, Shike M, Ross AC, eds. Modern Nutrition in Health and Disease. 9th ed. Baltimore: Williams & Wilkins; 1999:381–389.
3. Brody T. Nutritional Biochemistry. 2nd ed. San Diego: Academic Press; 1999.