4 Рецепти за повкусно лето

4 Рецепти за повкусно лето

Hello Summer!! Hello Skopje!! Hello Skopje Summer!! … Ohh… no.. no..noooo!

Скопското лето и неговата озлогласеност ни се добро познати. Температурите се забораваат од растење, а апетитот за времетраењето на скопскиот мини пекол опаѓа. Секако, ова во комбинација со летните излегувања  прави да лесно се потпадне под нездравото живеење (читај: јадење на сите тие брзи нездрави оброци во доцните летни часови).

Да зборуваме искрено, она што ни е потребно во овие пеколни денови се лесни, брзи, здрави оброци. Да, да, зборуваме за оние кои најадуваат, прават да се чувствуваме убаво, здраво и за чие правење не е потребно да се затворите во неверојатно жешка кујна.

Во име на здравото живеење и добивање на барем една битка против скопското лето, ние изнајдовме неколку рецепти кои со сигурност ќе ви го направат летото повкусно и ќе ви ги разубават летните денови.

 

Авокадо тост

Не ни се веруваше ни нас, но навистина постоела здрава варијанта на тост.

  • Две парчиња тост леб
  • 1 авокадо, испасирано и зачинето по желба
  • 20 гр. претходно зготвен модар патлиџан
  • 6 парчиња сирење

Ставете го лебот во тостер, а откако ќе биде готов, намачкајте го со авокадото. Додадете ги модриот патлиџан и сирењето.

Оригиналниот кулинарски мастермајнд: becauseilikechocolate.com

 

Овошен сос

Оној што кажал дека овошјата не се достојни за сос, не сака овошје! Совршена летна закуска за лудите летни журки.

  • 225 грама крем сирење (на собна температура)
  • 300 грама ванила јогурт
  • 55 грама кафеав шеќер
  • 2 супени лажици мед
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 225 грама хопла

Со помош на електричен миксер соединете ги крем сирењето, јогуртот, кафеавиот шеќер, циметот и медот. Во друг сад изматете ја хоплата и потоа додадете ја претходната смеса.

Оригиналниот кулинарски мастермајнд:  bettycrocker.com

 

Томато салса

Оваа домашна салса од домати ќе го извлече максимумот од вкусните летни зеленчуци. Неверојатно вкусно и лесно!

  • 4 домати
  • 100 грама ситно сецкан кромид
  • 3 чили пиперчиња, ситно сецкани
  • 50 грама свеж кориандер, исецкан
  • Пола лажица ситно исецкан лук
  • Сок од пола лимента
  • 1 кафена лажица сол

Соединете ги сите состојки во еден сад и ставете го во фрижидер, се со цел вкусовите да се соединат. Бон апетит!

Оригиналниот кулинарски мастермајнд:  ourlifetastesgood.com

 

Гранола бар

Без грижи, секако дека во ниту еден момент не го заборавивме благото. Она што е посебен плус за овој рецепт е тоа што е со нутела!

  • 450 грама овес
  • 115 грама рендан кокос
  • 115 грама кршени бадеми
  • 55 грама кафеав шеќер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • Пола лажица сол
  • Кржено темно чоколадо
  • Нутела

Загрејте ја рерната на 150 степени. На хартија за готвење истурете ги овесот, кокосот и бадемите. Ставете ги во рерната и печете ги 15-18 минути, се додека не добијат златна боја. Внимавајте да не ги загорите.
Во меѓувреме, соединете ги шеќерот, кокосовото масло, екстрактот од ванила и солта во тенџере на оган. Гответе на средна температура се додека кафеавиот шеќер целосно не се стопи.

Соединете ги двете смеси мешајќи. Готовата смеса истурете ја во тава и добро притиснете . Оставете да си излади целосно пред да ја пресечете на ленти.

Стопете го чоколадото и заедно со нутелата прелијте над гранола лентите.

Оригиналниот кулинарски мастермајнд:  yummyhealthyeasy.com

 

 

Сега кога ги дознавте овие супер брзи рецепти, кои се еднакво брзи како што се здрави, право во кујната и почнете со готвење! 🙂

Добар апетит (Ние веќе уживаме во овие кулинарски совршенства :))