19 Jun 4 Рецепти за повкусно лето
Hello Summer!! Hello Skopje!! Hello Skopje Summer!! … Ohh… no.. no..noooo!
Скопското лето и неговата озлогласеност ни се добро познати. Температурите се забораваат од растење, а апетитот за времетраењето на скопскиот мини пекол опаѓа. Секако, ова во комбинација со летните излегувања прави да лесно се потпадне под нездравото живеење (читај: јадење на сите тие брзи нездрави оброци во доцните летни часови).
Да зборуваме искрено, она што ни е потребно во овие пеколни денови се лесни, брзи, здрави оброци. Да, да, зборуваме за оние кои најадуваат, прават да се чувствуваме убаво, здраво и за чие правење не е потребно да се затворите во неверојатно жешка кујна.
Во име на здравото живеење и добивање на барем една битка против скопското лето, ние изнајдовме неколку рецепти кои со сигурност ќе ви го направат летото повкусно и ќе ви ги разубават летните денови.
Авокадо тост
Не ни се веруваше ни нас, но навистина постоела здрава варијанта на тост.
- Две парчиња тост леб
- 1 авокадо, испасирано и зачинето по желба
- 20 гр. претходно зготвен модар патлиџан
- 6 парчиња сирење
Ставете го лебот во тостер, а откако ќе биде готов, намачкајте го со авокадото. Додадете ги модриот патлиџан и сирењето.
Оригиналниот кулинарски мастермајнд: becauseilikechocolate.com
Овошен сос
Оној што кажал дека овошјата не се достојни за сос, не сака овошје! Совршена летна закуска за лудите летни журки.
- 225 грама крем сирење (на собна температура)
- 300 грама ванила јогурт
- 55 грама кафеав шеќер
- 2 супени лажици мед
- 1 кафена лажичка цимет
- 225 грама хопла
Со помош на електричен миксер соединете ги крем сирењето, јогуртот, кафеавиот шеќер, циметот и медот. Во друг сад изматете ја хоплата и потоа додадете ја претходната смеса.
Оригиналниот кулинарски мастермајнд: bettycrocker.com
Томато салса
Оваа домашна салса од домати ќе го извлече максимумот од вкусните летни зеленчуци. Неверојатно вкусно и лесно!
- 4 домати
- 100 грама ситно сецкан кромид
- 3 чили пиперчиња, ситно сецкани
- 50 грама свеж кориандер, исецкан
- Пола лажица ситно исецкан лук
- Сок од пола лимента
- 1 кафена лажица сол
Соединете ги сите состојки во еден сад и ставете го во фрижидер, се со цел вкусовите да се соединат. Бон апетит!
Оригиналниот кулинарски мастермајнд: ourlifetastesgood.com
Гранола бар
Без грижи, секако дека во ниту еден момент не го заборавивме благото. Она што е посебен плус за овој рецепт е тоа што е со нутела!
- 450 грама овес
- 115 грама рендан кокос
- 115 грама кршени бадеми
- 55 грама кафеав шеќер
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици екстракт од ванила
- Пола лажица сол
- Кржено темно чоколадо
- Нутела
Загрејте ја рерната на 150 степени. На хартија за готвење истурете ги овесот, кокосот и бадемите. Ставете ги во рерната и печете ги 15-18 минути, се додека не добијат златна боја. Внимавајте да не ги загорите.
Во меѓувреме, соединете ги шеќерот, кокосовото масло, екстрактот од ванила и солта во тенџере на оган. Гответе на средна температура се додека кафеавиот шеќер целосно не се стопи.
Соединете ги двете смеси мешајќи. Готовата смеса истурете ја во тава и добро притиснете . Оставете да си излади целосно пред да ја пресечете на ленти.
Стопете го чоколадото и заедно со нутелата прелијте над гранола лентите.
Оригиналниот кулинарски мастермајнд: yummyhealthyeasy.com
Сега кога ги дознавте овие супер брзи рецепти, кои се еднакво брзи како што се здрави, право во кујната и почнете со готвење! 🙂
Добар апетит (Ние веќе уживаме во овие кулинарски совршенства :))