18 Jun Како стресот влијае врз здравјето на мозокот и нашето тело?
Ви се случило ли да ве обземе неспокој пред спиење? Да заборавате мали, основни нешта, или да изгубите контрола врз вашето расположение? Не сте единствени. Во вакво време на големи промени, натрупани распореди, хаотична и брза средина и недостаток на време кое го посветуваме себе си, сосема е логично да отвориме врата на еден нов гостин: стресот.
Стресот не секогаш е непожелен. Доколку е присутен во мали колични, не претставува причина за паника – напротив, може да ни го изостри фокусот и да ни даде дополнителна енергија. Но, доколку дозволиме да стресот ни постане навика, ќе заглавуваме во еден “магичен” круг на нерасположение, паника и иритабилност. Сето ова се случува главно поради еден хормон кој е присутен во човечкото тело, а се активира во стресни ситуации– кортизолот.
Кортизолот и нашиот мозок
Кортизолот се лачи при нарушување на хомеостазата, односно внатрешниот мир на човечкиот организам. Еднаш штом алармот за стрес се појави, нашето тело се мобилизира и стапува во акција – но, мора да постои физичко ослободување. Во спротивно, нивоата на кортизол во крвта растат, што предизвикува хаос во телото и умот – и тоа е она што се случува константно доколку сме изложени на хроничен стрес.
Негативните ефекти кои следат како резултат на хроничниот стрес: менување на невралните мрежи, ги менува матичните клетки, поставува темели за анксиозност, депресија и пост-трауматско стрес нарушување.
Стресот и нашето тело
Кортизолот е моќен хормон, и има бројни ефекти врз човековото тело, вклучувајќи ги репродуктивниот, имуниот и ендокриниот систем. Покрај сето ова, константно високи нивоа на кортизол влијаат врз гладот и метаболизмот. Ова се случува така што кортизолот поттикнува лачење на еден друг хормон – инсулинот. Повисоки нивоа на кортизол и инсулин се причинител и на нерегуларни нивоа на шеќер во крвта, што може да резултира со глад или стрвност, особено кон храна полна со прости шеќери која моментално ни дава енергија на краток рок. Hello sugar cravings! 🙄 Сета таа храна ни дава моментално задоволство бидејќи на нашиот мозок му обезбедува уште еден неуротрансмитер – серотонин или хормонот на среќа. Претераното консумирање на овој вид храна води до зголемена телесна тежина.
Пријатели во борбата со стресот
Сепак, опуштете се, бидејќи не е се така црно. 🙂 Еве што сѐ можете да направите за да го елиминирате стресот, подобрите вашето здравје и да креирате здрави навики:
- Јога и медитации– Јогата постои веќе 5000 години и претставува древна индиска филозофија која комбинира физички пози, техники на дишење и медитација или релаксација. Кога се соочуваме со стресот на секојдневието, јогата ни помага одново да ја разгледаме нашата перцепција и одговор. Во јогата, ова се нарекува концепт на не-реакција и понекогаш е објаснет како не-приврзување кон чувствата и случувањата. Во секоја практика на свесност, еден од клучните принципи е да ги забележиме мислите и чувствата без потполно да не обземат. Приказните за нештата околу нас, кои впрочем сами ги креираме, најчесто носат неоправдано значење. Во практиката на свесност, учиме како да примиме информација за физичките, менталните и емоционалните реакции без да се идентификуваме со нив.
- Физичка активност – Понекогаш е попаметно наместо со за смирување, да го подобрите здравјето со физичка активност. Вежбањето дефинитивно ќе го подобри изгледот, но ќе ви отвори и доста нови хоризонти: натпреварот со себе си и развивање искрена љубов кон своето тело. При физичката активност, кортизолот значително се намалува, и ослободува ендорфин и други хемикалии кои го зголемуваат нашето расположение. Покрај сето ова, неколкуте часа во теретана или на стаза ќе ви донесат и зајакнат имунитет и подобрен сон.
- Време во природа – Урбаната средина, нејзините звуци, заслепувачките светла често можат да станат неподносливи. Ваквата константна стимулација на сетилата додава стрес на мозокот, кој пак од почетокот на човештвото се развивал во сосема поинакви услови. Природата не враќа на нашите корени, на она што ние навистина сме – наместо да го одвлекува нашето внимание, ги смирува нервите. Покрај тоа што се чувствуваме подобро, во природа го зацврсутваме и нашето физичко здравје преку намалување на крвниот притисок, регулација на срцевите отчукувања, намалување на тензијата во мускулите и регулација на хормоните.