Guest Blog Post: Витамините и човековото тело: Витамин А – Part 1

Овој блог пост го започнуваме со збор два за нешто ново кое следи – започнуваме со серијата Guest Blog Post! Како што веќе можете да претпоставите, на овој блог ќе се појават статии на пријатели на HFW Expo кои својата експертиза и знаење во полето на нивното дејствување ќе го споделат со сите нас.

Честа прв да го “скрши мразот” на наше огромно задоволство ја има Алек Дренко (Повеќе за Алек прочитајте тука). Во следите два блог поста ќе можете да научите нешто повеќе за Витаминот А и какво е неговото влијание во човековото тело. Уживајте 🙂

Замор и подуеност

 

Се започнува со замор, проблеми со станувањето и губење на мотивацијата во текот на денот. Се погледнуваш во огледалото и ја забележуваш подуеноста на твоето лице. Добредојде во светот на хипотироидизам …

Веројатно не го знаете ова, но тироидниот хормон (Т3) и витаминот А се извонреден тим. Тие работат синергистички за да го претворат холестеролот во “мајката” на сите хормони, прегненолонот. Започнува хормоналната каскада, а прегенолонот се трансформира во сите полови хормони (ако ви текнува на тестостерон, естроген, прогестерон итн) кои ви се неопходни за да функционирате. Што значи тоа? Тоа значи дека ако сте дефицитарни со витамин А, нема да можете да го користите вашиот тироиден хормон а со тоа и секс хормоните.

Ајде да погледнеме во некоја интересна студија која го докажува ова преку следење на промените на функцијата на тироидната жлезда преку суплементација со витамин А.

По 4 месеци резултатите биле прилично значајни:

30% до 33% намалување на тиреотропинот

38% до 61% зголемување на Т3 хормонот.

16% до 23% намалување на Т4 хормонот.

Во истражувањето не се користеле никакви тироидни лекови, само витамин А. (резултатите укажуваат дека суплементацијата со  витамин А влијае многу позитивно врз функционирањето на нашата тироидна жлезда)

Друга работа која е важна да се забележи е дека и витаминот А и тироидната жлезда го користат истиот транспортер во телото. Тоа е протеинот наречен транстиретин. Затоа треба да ги одржуваме избалансирани! И колку е побрз метаболизмот, толку повеќе витамин А ви е потребен!

Навистина е тешко да се предозирате со витамин А и воедно повеќето луѓе немаат оптимални нивоа на витамин А. Најеројатно скоро секој клиент со кој некогаш сум работел … Но, доколку се предозирате со витамин А (на пример јадење многу џигер секој ден), и истовремено немате соодветна функција на тироидната жлезда, можете да ја потиснете уште повеќе. Предозирањето со витамин А ги намалува нивото на другите витамини растворливи во масти (особено витамин Д).

Ноќно слепило и уништен биоритам

 

Едвард Шварц е херој. Добро не таков херој, тој бил доктор кој бил пратен на австралиска фригада околу светот. Пред неговото испловување му било предложено да го тестира традиционалниот лек за ноќното слепило. Кој бил тој лек? Варен џигер. Која храна има најмногу витамин А? Џигер… интересно..

75 од 352цата патници на бродот добиле ноќно слепило. Морале да бидат водени навечер низ бродот како слепи луѓе. Веројатно од очај, докторот решил да го проба традиционалниот експеримент и почнал да ги храни сите луѓе кои добиле ноќно слепило со џигер. СИТЕ биле излечени од ноќното слепило!

Ксерофталмијата е состојба која напредува од ноќно слепило до распаѓање на рожницата, па дури и пукање на окото. Била забележана од јапонски херој по име М. Мори кај изгледанети деца. Успешно се лекувало со додавање на масло од црн дроб во исхраната.

Ќе спомнам само уште еден херој. Д. В. McCollum забележал дека кравите кои се хранат со пченица станувале слепи меѓу многу други здравствени проблеми. Тој, исто така, забележал дека кравите кои се хранат со жолта пченка не ослепувале и немале здравствени проблеми како кравите кои се хранеле со пченица. Бидејќи содржината на макронутриенти и микронутриенти била иста во двете храни, логично било да се сомнева дека или пченицата содржи некоја токсична супстанца или имало нешто неоткриено што недостасувало во неа, а го поседувала жолтата пченка. Витаминот А и бета каротенот се уште не биле откриени!

Со спроведување на истиот експеримент со колонии на стаорци тој го реплицирал истото што се случувало со кравите и го открил витаминот А растворлив во масти, кој бил од суштинско значење за растот, видот и опстанокот.

Сега да го образложиме ова.

Кога светлината влегува во твоите очи, таа удира молекула на витамин А и тоа предизвикува реакција која испраќа импулс во вашиот мозок. Со интегрирање на овие импулси вашиот мозок го создава вашиот вид.

Чекај, но патниците на бродот развиле НОЌНО слепило, а не “вистинско” слепило !?

Вашите очи имаат два различни видови на клетки. Клетките пруги ви помагаат да ги видите сенките во мракот, а клетките конуси ви помагаат да ги видите боите во текот на денот. И двата типа на клетки го користат витаминот А, но вашето тело е паметно и поставува приоритети. Пред вештачкото светло, најчесто сме спиеле кога е ноќ. Истовремено ни бил неопходен добриот вид во текот на денот. За лов, собирање плодови, правење алатки и сл., Така нашето тело се приспособило преку жртвување на нашиот ноќен вид при недостаток на витамин А, за да можеме да го одложиме “вистинското”  слепило.

Имун систем и мозок

 

За жал дефицитот на витамин А е исто така поврзан со намалувањето на способноста за борба против инфекцијата. Дури и ако вашето дете е малку дефицитарно во витамин А, тоа ќе има поголем ризик за респираторни болести, дијареа и повисока стапка на морталитет од инфекции (особено сипаници). [1]

Тоа е така бидејќи витаминот А е неопходен за нормалното функционирање на вашиот имун систем. [2]
Зашто? Внатре во вашето грло па се до вашите бели дробови, вие имате мали “влакна”. Тие влакна се создаваат со помош на витамин А. Но која е нивната функција? Тие го фаќаат целото ѓубре и малите микроби кои вие ги вдишувате и ви помагаат да ги искашлате. Освен за создавањето на овие влакна витаминот А е потребен за правењето на анти-тела и протеини кои уништуваат вируси.

Во Германска студија направена на 20 пациенти со рак на простата. четиринаесет од дваесетте пациенти со рак на простата постигнале целосна ремисија и пет постигнале делумна ремисија со користење на витамин А како дел од природната терапија за рак! [3] [4]

Што е со функцијата на мозокот? Недостатокот во витамин А ја спречува оптималната функција на хипокампусот, главното седиште на учењето. Научниците од Салк Институтот за биолошки студии во Сан Диего Калифорнија открија дека отстранувањето на витаминот А од исхраната на глувците ги намалува хемиските промени во мозокот во пределите најважни за учење и меморија. Сега знам дека ова е студија за глувци, но дали би ризикувале? Јас сигурно не  … [5]


Користена литература:

[1] Field CJ, Johnson IR, Schley PD. Nutrients and their role in host resistance to infection. J Leukoc Biol. 2002; 71(1):16–32.

[2] Semba RD. Impact of vitamin A on immunity and infection in developing countries. In: Bendich A, Decklebaum RJ, eds. Preventive Nutrition: The Comprehensive Guide for Health Professionals. 2nd ed. Totowa: Humana Press Inc; 2001; 329–346.

[3] (Alt Cancer Inst Monogr Dec 1985 69:137-42).

[4] (Drugs Exp Clin Res 2000;26(65-6):249-52).

[5] (Proc Natl Acad Sci, Sep 25, 2001 98(20):11714-9).