24 Jul Guest Blog Post: Витамините и човековото тело: Витамин А – Part 2
Во првиот дел на Витамините и човековото тело: Витамин А прочитавме кои се проблеми може да бидат предизвикани од дефицит на витаминот А. Во Витамините и човековото тело: Витамин А – Part 2 ќе го продолжиме разговорот и ќе дознаеме нешто повеќе за проблемите кои можеби ги имаме, а можат директно да се препишат како резултат на недостаток на Витаминот А.
Тестостерон
Ако страдате од ниско ниво на тестостерон, тоа може да биде едноставно како недостаток на витамин А … Чекај што !? Дали знаевте дека колку е поголема концентрацијата на витаминот А во тестисите, толку е поголемо производство на тестостерон!
Бидејќи не сакате студии на стаорци, ќе ја прескокнам студијата во која стаорци со дефицит на витамин А доживеале намалување на продукцијата на тестостеронот се додека сексуалните органи целосно не атрофирале. Ова укажува на тоа дека витаминот А не само што помага, туку е од суштинско значење за производство на тестостерон. [1]
Како што ветив директно ќе преминеме на човечка студија. Предметите на оваа студија биле 102 тинејџери со задоцнет пубертет. Имало четири групи во студијата: контролна група, група на која била инјектирана со тестостерон, група која била суплементарана со витамин А и железо и група на која била и инјектирана со тестостерон и ја суплементирале со додатоци во исхраната. Неверојатно е дека степенот на забрзување на растот е сличен кај групата третирана со тестостерон и групата третирана со витамин А! [2]
Оваа студија сугерира дека одложениот пубертет можел да се избегне доколку родителите ја знаеле важноста да се служи храна богата со витамин А на неделно ниво.
Алергии
Ајде да зборуваме за уште една неверојатна работа која витаминот А ја прави. Се покажало дека ја потиснува активноста на мастоцитите. А што се мастоцити? Истите клетки што прават хистамин. Животните дефицитарни во витамин А имаат поголема активност на мастоцитите и произведуваат повеќе хистамин како одговор на алергените. Ако имате алергиски реакции, можеби ви треба повеќе витамин А од просечниот човек.
Врската помеѓу витаминот А и алергиите е поддржана од истражувањата, но честопати се занемаруваат затоа што никој не страда од ноќно слепило во 21 век. Тоа не мора да значи дека внесот на витамин А ви е оптимален…
Внесување на доволно витамин А
Го почнавме сето ова сосема песимистично, но сепак да бидам искрен, навистина е лесно да се консумира доволно витамин А .. само ако се грижиш за себе ..
Можете да добиете доволно витамин А со консумирање
- 100 грама на џигер еднаш неделно или 10-15 грама дневно. (или било што измеѓу)
- Ако толерирате јајца, јадете до три цели јајца на ден (не се плашете од холестерол)
- Јас сум навистина против потрошувачката на млеко, но подобро е да го добиете вашиот витамин А од делумно лоша храна, отколку да не го добиете воопшто .. така … три порции полномасни млечни производи дневно.
Ако сте веган тогаш црвено палмово масло е одличен растителен извор на витамин А. Тоа е супер-богато со каротеноиди и витамин Е (кој ни помага да апсорбираме повеќе витамин А од растителната храна) и тоа е масло (витамин А се меша со масти подобро отколку со вода. Тоа значи дека јадењето на витаминот А со маснотии ни помага да го апсорбираме). Каротеноидите во црвеното палмово масло се веќе совршено растворени и не треба многу варење за да се апсорбираат.
[1] Livera, et al., “Regulation and Perturbation of Testicular Functions by Vitamin A” (Review), Reproduction (2002) 124, 173-180
[2] Zadik, et. al., “Vitamin A and iron supplementation is as efficient as hormonal therapy in constitutionally delayed children,” Clin Endocrinol(Oxf). 2004 Jun; 60(6):682-7.