Уметноста на спиењето

Уметноста на спиењето

Постои една необична психолошка тежина која ни лежи на рамења секогаш кога ќе го одминеме добриот сон. Знаете за што зборуваме: ерупција од желба за кофеин, процесирана храна, претерана емотивност и бројни, БРОЈНИ испади со сите во околината.

 

Што се случува кога спиеме?

Спиењето е биолошки процес и прогресија низ три NREM фази и REM фазата. Циклусот на спиење трае отприлика 90-120 минути, па по завршувањето се повторува околу 4 или 5 пати. Почнувајќи од најлесната фаза нa NREM, се појавува присуство на бавни движења на очите, мускулите се опуштаат, а мозочните бранови почнуваат да забавуваат. Во втората фаза, мрдањето на очите се намалува, а истото се случува и со телесната температура и отчукувањето на срцето. Третата фаза е најдлабока и најресторативна, и тогаш човекот најтешко се буди. На крајот, доаѓа REM (rapid eye movement) фазата која е позната и како фазата на сонување. Движењето на очите е брзо, а брановите во мозокот се најактивни.

Зошто е толку важно да се наспиеме?

Ова се само неколку придобивки од добриот сон:

 

Како да бидеме про спијачи? 🙂

We’ve got you covered! Еве ги нашите совети:

  • Одредете го времето на легнување и будење и држете се до распоредот – Ова помага да го регулирате биолошкиот часовник и ви помага полесно да заспиете, како и да добиете подобар сон.
  • Најдете го својот релаксирачки ритуал пред спиење – Релаксирачка, рутинска активност подалеку од силните светла, точно пред заспивање, помага да го одделите спиењето од активности кои предизвикуваат силна возбуда, стрес или анксиозност. Ова може да подразбира користење на есенцијални масла (ви го препорачуваме маслото од лаванда кое можете да го најдете во поголемите маркети и аптеки), читање на книга пред спиење, кратка прошетка или пак медитација и вежби за нежно истегнување.
  • Вежбајте! И не, не мора секој ден да се вклучувате во интензивни вежби. И лесни движења се подобри од статично седење или лежење. 😉
  • Оптимизирајте ја средината во која спиете – Собата во која спиете има големо влијание врз вашиот сон. Чистотата и тишината се многу важен фактор! Не заборавајте да набавите и удобен душек и перница – ова сепак е една од поважните инвестиции. 
  • Избегнувајте алкохол, цигари, кофеин и тешки оброци пред спиење, бидејќи можат да ви го отежнат и одложат процесот на заспивање. Наместо тоа, пригответе си лесни нутритивни рецепти кои ќе ви донесат баланс во организмот.
  • Изложете се на светлина во текот на денот – Природната или силна светлина во текот на денот му помага на циркадниот ритам да остане здрав. Ова ја подобрува дневната енергија како и квалитетот и траењето на спиењето во текот на ноќта.
  • Намалете ја изложеноста на сина светлина во вечерните часови – Иако изложеноста на светлина во текот на денот е корисна, изложеноста на ноќно светло има спротивен ефект. Ова се должи на намалувањето на хормоните како мелатонин, кои ви помагаат да се опуштите и длабоко да заспиете.

 

За крај, наша порака до вас: Don’t give up on your dreams. Keep sleeping!